Search

Премиер лигата нема да ги казнува играчите за антирасистички гестови и пораки

Англиската фудбалска Премиер лига дава поддршка на играчите кои се приклучуваат на акцијата против расизмот. Фудбалската асоцијација (ФА) изјави дека ќе биде „водена од здравиот разум” во однос на какви било антирасистички и политички гестови.

Претходно, фудбалерите на Ливерпул и Челзи клекнаа, во чест на споменот за  афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот при неговото приведување од полициски службеник во САД.

Во Германија, раководството на Бундеслигата исто така одлучи да не ги казнува играчите кои покажаа антирасистички пораки и повици за време на натпреварите

Треба да знаете
Последни објави