Search

Пау Гасол: Би сакал да ја завршам кариерата во Лејкерс или Барселона

Шпанскиот кошаркарски центар Пау Гасол има желба кариерата да ја заврши во Лејкерс или во родниот град Барселона.

– Ако сè е во ред со ногата, јас имам намера да одиграм уште една сезона или во НБА или во Европа. Последната сезона на Лејкерс или крајот на кариерата во Барселона звучи привлечно, но треба да ги погледнете реалните можности и каква состојба ќе биде најдобра за тековните околности, изјави Гасол.

Јас се чувствувам добро. Имав повеќе време да закрепнам. Кога ќе започнам да трчам и да скокам, ќе имам многу повеќе информации за тоа дали можам да играм повторно на професионално ниво, додава шпанскиот кошаркар.

Последен клуб на Гасол беше Милвоки, а претходно играше за Сан Антонио, Чикаго, ЛА лејкерс, Мемфис и Барселона.

Треба да знаете
Последни објави