Search

На денот на погребот на Џорџ Флојд, Сара Џесика Паркер пишува за нееднаквоста во САД

За време на погребот  на Џорџ Флојд во вторникот, Сара Џесика Паркер на својот Инстаграм сподели моќна порака за нееднаквост.

Холивудската актерка (55) се надева дека неговата смрт ќе ја предизвика многу потребната промена, пренесува „Си-Би-Ес њус“.

Нејзината порака беше придружена со неколку фотографии од протестите што се случија во Њујорк Сити по трагичната смрт на Флојд.

„Денес беше погребан г-дин Флојд,“ напиша ѕвездата на „Сексот и градот“.

„Меѓутоа, овој историски марш кон правда и еднаквост, ова незапирливо движење во негово име и во име на безброј други е живо, а неговото колективно чукање на срцето е далеку посилно од стравот што се спротивставува на оваа неизбежна и закаснета промена“, заклучи таа.

Треба да знаете
Последни објави