Search

Има помалку мозок отколку што постигна голови во дресот на Реал !

Српскиот фудбалски интернационалец Лука Јовиќ од редовите на најтрофејниот европски првак Реал Мадрид, не престанува да биде мета на шпанските медиуми, кои знаат и да претераат со навредите кон младиот напаѓач. Со само два постигнати гола сезонава во дресот на Реал, Јовиќ често е критикуван за своите партии кои ги прикажува на теренот, но и за однесувањето надвор од него.

Најголемиот критичар на Јовиќ, шпанскиот новинар Антонио Ромеро, кој пред еден месец на радиото „Кадена сер“ рече дека едната нога на Ерлинг Холанд вреди повеќе од Јовиќ, сега се нафрли на српскиот напаѓач поради испадите кои ги приреди надвор од теренот. Потегот на Јовиќ со правењето скара со двајца свои сонародници и фалбите со фотографии од дружбата по социјалните мрежи, го испровоцираа Ромеро да претера во своите навредливи и невкусни коментари.

„ Јовиќ со ваквиот потег само покажа дека има помалку грамови мозок отколку што има постигнато голови во дресот на Реал“ !  – рекол Ромеро.

 

Треба да знаете
Последни објави