Бислимоски ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, кој лани во декември едногласно беше избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (ECRB), денеска онлајн ќе претседава со 45. Состанок на Одборот на регулатори.

Во фокусот на  состанокот, според најавата од РКЕ, ќе бидат отпорноста на енергетскиот пазар во време на пандемија, хармонизирањето на европската регулатива со законите од земјите членки на Енергетската заедница и интеграцијата на енергетските пазари на големо.

Состанокот требаше да се одржи во Атаина, но поради здравствената криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот КОВИД-19 беше одлучено по првпат средбата на Одборот на регулатори на ЕЗ да се одржи онлајн.

Како што истакна Бислимоски за МИА, доколку праксата со онлајн одржување на состонокот на Одборот на регулатори се покаже како успешна ќе може да се реализира и во наредните години по стивнувањето на пандемијата доколку има таква потреба.

Треба да знаете
Последни објави