Search

(Фото) Моторџијата повреден во Сарај починал во болница

Возачот на мотор, кој вчера бил повреден со сообраќајна нереќа во Сарај, за која објави 24 Инфо, починал во болница.

Според МВР, на 08.06.2020 во 22.56 часот било пријавено дека во село Сарај се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки,  управувано од Н.С.(43) од Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О.(21) од село Паничари.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави