Search

Хрватска ќе се збогува од куната, од јули добива зелено светло за воведување на еврото

За време на летните месеци, Хрватска официјално ќе побара влез во банкарската унија и ЕРМ II, „чекална“ за влез во еврозоната, каде што мора да помине најмалку две и пол години.

Хрватската влада наскоро треба да ги извести европските институции за примената на сите мерки, а ЕЦБ треба да ги извести земјите-членки на еврозоната за резултатите од проценката на пет хрватски банки.

Нивниот позитивен одговор се очекува до средината на јули, пишува „Јутарњи лист“, по што постапката наложува испраќање на официјално барање за влез во ЕРМ II и да се воспостави тесна соработка помеѓу ХНБ и ЕЦБ.

Според неофицијалните информации, овој процес треба да заврши наредните месеци.Доколку Хрватска го направи првиот чекор на патот кон еврото, прашањето коешто се поставува е кога еврото ќе се користи во секојдневна употреба. Искуството на другите земји покажува дека овој период може да варира од две и пол години, колку што и требаше на Словенија, до 11 години, што и беше потробно на Литванија од 2004 до 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави