Search

Помпео: САД, светот плаќаат превисока цена за пропустите на Кина околу ширењето на вирусот

САД ги отфрлија тврдењата на кинескиот претседател Си Џинпинг дека Пекинг покажал транспарентност околу епидемијата на новиот коронавирус, и „ако сакал да го покаже тоа треба да свика прес конференција”.

Кина се уште крие примероци од вирусот, забранува пристап до лаборатории, ја замолчува дискусијата и прави „многу многу други нешта”, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео на денешниот брифинг за новинарите.

-Претседателот Си тврдеше дека Кина делувала отворено, транспарентно и одговорно. Посакувам да беше така, изјави тој.

Односите меѓи Кина и САД се тензични со критиките на претседателот Доналд Трамп и на Помпео за тоа како Пекинг се справи со кризата. САД се земја која најмногу настрада од пандемијата.

Трамп повика запирање на финансирањето на Светската здравствена организација поради нејзините дејства, нарекувајќи ја „кукла на Кина”, додека Кина вети две милијарди долари помош за СЗО. Помпео изјави дека очекува да види дали ветените пари ќе бидат исплатени.

-Кинескиот удел во борба со пандемијата е ситен, во споредба со цената што тие наметнаа светот да ја плаќа, изјави Помпео.

-Плативме со 90.000 американски животи, повеќе од 36 милиони Американци останаа без работа од месец март, и 300.000 починати низ целиот свет.

Додаде дека според американски пресметки, цената што целиот свет ја плаќа поради пропустите на кинеската Комунистичка партија, достигаат и до 9 билиони долари.

Тој ја обвини Кина по заканите до Австралија за „економска одмазда” поради барањата за независна истрага за појавата на вирусот. Го обвини и првиот човек на СЗО за „невообичаено блиските врски со Пекинг… пред да започне пандемијата” како нешто „мошне вознемирувачко”.

Помпео изјави дека САД досега потрошиле околу 10 милијарди долари во полза на меѓународниот одговор, вклучително и разработка на вакцина и хуманитарна помош. 

Треба да знаете
Последни објави