Search

Продолжени сертификатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и за превоз на опасни материи

 Со уредби со законска сила се продолжени роковите на важење на сертифкатите на возачите во меѓународниот патен сообраќај и на возачите кои вршат превоз на опасни материи, за време на вонредната состојба. Одложено е и објавувањето на огласот за одобрување возни редови за нови линиии или промена на возни редови на одобрени линии.
Владата денеска на седница донесе уредба со законска сила за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба, со којашто се одложува спроведувањето на испитите во надлежност на Министерството за транспорт и врски и се продолжува рокот на важење на сертификатите на возачите кои вршат превоз на опасни материи, соопшти владината прес-служба.
Со цел да се продолжи рокот на важење на сертификатите на возачите кои учествуваат во меѓународниот патен сообраќај и да се одложи спроведувањето на јавниот оглас за одобрување возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, на седницата е донесена уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба.
Треба да знаете
Последни објави