Орбан ќе се откаже од пандемискиот декрет

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на Фејсбук напиша дека планира да се откаже од пандемискиот декрет кој предизвика лавина од критики поради огромните овластувања кои ги доби од мнозинството во Парламентот. Тој пред денешната посета на Белград, Орбан најави дека тоа ќе го направи до крајот на месецов. По средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ Орбан изјави дека „ ќе им даде шанса на сите да и се извинат на Унгарија за неправедните обвинувања“.

-Нема основ за критики, и штом тие ќе се извинат, очекуваме и нивни восхитување за успехот кој го постигна Унгарија во одбраната од коронавирусот- изјави Орбан.

Според официјалните податоци од Унгарија, досега во земјата имаат вкупно 3 417 заболени од Ковид 19 и 442 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави