Мет Дејмон заглавен во Ирска, а неговата најстара ќерка во карантин во Њујорк

Познатиот актер Мет Дејмон се наоѓа во Ирска од средината на март, поточно во малиот град Далки, каде што дошол да го снима филмот „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот. Бидејќи по неговото пристигнување се случи пандемија на коронавирусот, снимањето беше прекинато и тој остана да живее во изолација во ова познато ирско одморалиште во близина на Даблин.

Дејмон ја прифати поканата за интервју од радиоводителот на локалната радиостаница „Спин 1038“, но дури кога беше информиран за тоа од својот нов пријател на „Фејстајм“, Боно, пејачот на групата „У2“, исто така Ирец. Во тоа ексклузивно интервју Дејмон призна дека поќерката Алексија се заразила со коронавирус.

Мет Дејмон е во брак со Аргентинката Лусијана Баросо (44) веќе 15 години и тие имаат три деца. Лусијана Баросо од првиот брак ја има ќерката Алексија, која Мет Дејмон ја смета за своја најстара ќерка. Таа е студентка во Њујорк, се разболела во првите денови од пандемијата, но, како што рече Дејмон, оздравела од коронавирусот. Тој се надева дека ќе им се придружи во Лос Анџелес веднаш штом ќе се вратат од Ирска. Другите три ќерки се со родителите во Ирска, каде што се чека да продолжи снимањето на филмот.

Треба да знаете
Последни објави