Куомо: Олеснети рестриктивни мерки во централниот дел на државата Њујорк

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо изјави дека централниот дел на таа земја сега е подготвен за олеснување на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на новиот коронавирус.

Тој додеде дека сега пет региони во тој дел на САД можат да ги преземат првите чекори во таа насока со отворање на некои компании.

Куомо, исто така, рече дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп кој ветил 3,9 милијарди американски долари од федералните фондови за транспортниот систем.

Тој кажа и дека државата Њујорк се соочува со дефицит во буџетот од 61 милион американски долари поради пандемија на вирусот и уште еднаш го повика официјален Вашингтон да донесе закони што ќе обезбедат финансирање на државите.

Куомо ги повика граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, посебно носењето заштитни маски, често миење раце и избегнување големи собири.

Гувернерот повторно ги спомна и случаите на заболени деца, чија болест се поврзува во Ковид-19.

– Како и државата Њујорк, така уште 16 други сојузни држави и шест европски земји пријавија случаи на заболени деца, чија состојба може да се поврзе со Ковид-19. Њујорк го предводи истражувањето на ова поле. Мора сè да дознаеме што е можно побрзо, бидејќи станува збор за нашите деца, потенцираше Куомо.

Њујорк е најзагрозена американска држава од новиот коронавирус, каде веќе починаа над 27.600 луѓе од таа болест.

Треба да знаете
Последни објави