Катар со три години затвор или 200.000 ријали ќе казнува за неносење маски на отворено

Катарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од недела во земјата е задолжително носењето маски на отворено, а оние кои нема да ја почитуваат оваа обврска ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали ( 49.000 евра), пренесува „Гардијан”.

Прекршителите, исто така, би можеле да добијат и казна до три години затвор, се вели во соопштението на министерството објавено на нивниот налог на Твитер.

Во него се додава дека само луѓето кои сами се возат во возилата ќе бидат ослободени од ова правило.

Катар во последните 24 часа има пријавено 1.733 нови случаи на коронавирус, од вкупно регистрираните во земјата 28.227 случаи, а досега има и 14 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави