Донација од 32 илјади заштитни маски од кинески деловен партнер на винаријата „Стоби”

– Долгогодишниот деловен партнер од Кина на винаријата „Стоби” и прати  32 000 заштитни маски – донација во справувањето со пандемијата од КОВИД-19. Две илјади маски се за вработените во „Стоби”, а останатите ќе им биодат донирани на граѓаните во земјава.

– Тие 30 000 маски кои кинескиот партнер ги донираше за граѓаните на Македонија се во Министерството за надворешни работи и, според нивните протоколи, ќе бидат распределени онаму каде што се најмногу потребни, соопшти Винаријата „Стоби”.

„Стоби” е меѓу  најголемите извозници на вино од земјава во Кина и со кинескиот деловен партнер, донатор на заштитините маски, бележат успешна соработка и подем во пласманот на македонско квалитетно вино на кинескиот пазар.

– Во последниве пет години е забележана продажба на 2 000 000 шишиња на тој пазар, со континуиран раст на продажбата. За допирот на македонската винска приказна на Далечниот Исток, како и успешниот деловен резултат, несомнено дека најмногу придонесуваат над 20 „Стоби” брендирани продавници во неколку градови низ Кина, наведува Винарија „Стоби”.

Треба да знаете
Последни објави