За в петок закажани нови антивладини протести во Словенија

На социјалните мрежи во Словенија за петок во повеќе градови се најавуваат нови антивладини протести, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова ќе биде третиот по ред ваков протест на кој граѓаните на велосипеди, кои во колона го изразуваат незадоволството од работата на Владата на премиерот Јанез Јанша, пред се поради како што се наведува во објавата, корупциските скандали и ограничувањето на движењето поради епидемијата на коронавирусот.

Минатиот петок, според локалните медиуми, на протестот во Љубљана присуствувале околу 10.000 граѓани. Дел од нив изјавија дека Словенија под водство на Јанша се повеќе наликува на Унгарија и дека ситуацијата со коронавирусот се користи за намалување на човековите прави и слободи.

Треба да знаете
Последни објави