Приведен црногорски државјанин за направената паника меѓу гостите во кафетеријата

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија го пронајдоа и приведоа вооруженото лице кое вчера доцна поладна во кафетерија на Врачар направило вистинска паника меѓу гостите кои почнале да бегаат преку столици, да легнуваат на под и да се кријат зад шанкот за да спасат жива глава.

Станува збор за државјанин на Црна Гора  со иницијали М.М. (1987 г.). Се сомничи дека направил кривично дело со недозволено носење на оружје, иако истото не го употребил. При претресот во домот во кој бил уапсен пронајден е автоматски пиштол „узи“ со пригушувач, силиконска маска и облеката која ја носел при посеатат на кафетеријата.

Според црногорските медиуми лицето кое сакало да изврши ликвидација е Милош Миљановиќ од Херцег Нови кој му припаѓал на кавачкиот клан. Цел на неговиот напад во Белград бил Милош Ниловиќ (31) алијас Руњо од Никшиќ за кого полицијата има сознаија дека е припадник на шкаљарскиот клан. Со Ниловиќ во кафетеријата биле Никола Ковачевиќ (39 г.) и Војислав Костиќ (39 г.) откриваат црногорските медиуми.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави