Хорор во Лесковац: Со секира си ги убил таткото, трудната сестра, маќеата и нејзиното дете

Четирикратно убиство се случи попладнево, околу 14.30 часот, во Лесковац, Србија.

Меѓи жртвите се маж, неговата ќерка (19), која била трудна, вонбрачната сопруга на мажот и нејзиното дете на возраст од 12 години. Телата на убиените ги пронашол нивниот малолетен син.

Според полицијата, убиството го извршил синот на мажот, на возраст од 22 години, кој бил лекуван психијатриски болен човек. Тој со секира ги измасакрирал жртвите, а по убиството бил уапсен.

Соседите не слушнале ништо.

Но, полицаец кој бил на увид вели дека било грозоморно.

Соседите велат дека се работи за мирно семејство. Тие се доселиле пред Велигден,односно ја изнајмиле куќата.

Треба да знаете
Последни објави