Search

Трамп за Денот на победата над фашизмот: Денес ги славиме силите на слободата кои ја победија тиранијата

По повод 75-годишнината од победата над фашизмот во Европа американскиот претседателот Доналд Трамп, имаше свое обрааќање, соопшти Белата куќа.

„Пред 75 години, последните остатоци на режимот на нацистите безусловно се предадоа на сојузничките сили, ова го означи крајот на Втората светска војна во Европа. Денес ние ги славиме силите на слободата кои ја победија тиранијата и прославија победа во оваа монументална борба. Оддаваме почит за војниците и нивната служба и стоиме за сеќавање на оние кои го заштитија пламенот на слободата”, се вели во соопштението на претседателот.

Трамп истакна дека победата над нацизмот во Европа чинеше многу скапо, загинаа повеќе од 30 милиони луѓе, притоа мнозинството од нив беа цивилни жртви, вклучувајќи ги шесте милиони Евреи од Полска и поранешниот Советски Сојуз.

Големи загуби претрпеа и САД. Од два милиони Американци кои војуваа на воените полиња во Европа и водеа битки во Атлантикот и Средозменото Море, загинаа 186.000 луѓе.

„Многу од овие несебични и херојски воини никогаш не знаеле за живот во просперитетна Америка. Тие пораснала за време на Големата депресија, кога економските перспективи на Америка биле тмурни. Но и покрај тоа, тие одговориле на повикот за служба на својата татковина, затоа што верувале во принципите на кои е заснована нашата земја. Тие дошле од рамниците на Централен Запад, од индустриските градови, од… рурална Америка и од градовите во развој на нашата земја. Многумина никогаш не патувале надвор од границите на нивните родни сојузни држави, но тие поминале илјадници милји низ целиот свет за да се сретнат со непријателот, на бреговите на Франција, во горите на Белгија во градовите на Италија и на стотици други борбени полиња… Тие американски херои не отстапија од своите благородни цели, се додека не ја ослободија Европа од одвратниот нацистички режим”, истакна Трамп.

Претседателот додаде дека на денот кога славиме 75 години од крајот на Втората светска војна, „ние уште еднаш разбираме дека нема ништо поважно од силата на американскиот дух”.

-Во изминатите месеци нашата земја се судри со сериозен предивик поврзан со пандемијата на коронавирус. Но како и многупати досега, Америка ќе триумфира, и ние ќе излезиме од оваа ситуација посилни и посплотени од кога и да било.

Од вкупно 16 милиони Американци кои зеле учество во Втората светска војна, се уште се живи 400.000.

„Нивната генерација, најголемата генерација, никогаш нема да биде заборавена. Ние сме засекогаш благодарни за нивните немерливи жртви за успех и просперитет на нашата нација”, се вели во обраќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на победата во Европа.

Треба да знаете
Последни објави