Search

Рангник потврди дека започнал преговори за да стане тренер на Милан

Германецот Ралф Рангник потврди дека започнал преговори за да стане тренер на Милан.Сегашниот директор на Лајпциг е посочен како човекот што може да биде решението на „росонерите” на долг рок. Актуелниот тренер Стефано Пиоли, кој веќе е втор тренер во сезоната по Марко Џампаоло, не ги исполни очекувањата и извесно е дека ќе биде заменет.

– Не можам да ја исклучам позицијата тренер. Милан ме праша за можностите и ги префрлив сите преговори на агентот. Сепак, по контактите, се појавија поважни прашања во светот. Милан и Серија „А” треба да размислат за тоа, рече Рангник.

Поранешниот тренер на Лајпциг, Хофенхајм и Шалке првично беше поврзан со позицијата директор во гигантот од Милано, откако се уште постои таа опција, но и да биде тренер.

Треба да знаете
Последни објави