Search

Земјотрес со јачина од 4,5 степени во Бугарија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер ја погодил денеска централна Бугарија, нешто по 14 часот.

Се уште не е познато дали има повредени и дали има материјална штета, пренесува Б92.

Епицентарот бил на 10 километри северно од вториот по големина град во Бугарија, Пловдив, на длабочина од два километра, соопшти Националниот геофизички институт.

Земјотресот бил проследен со низа помали потреси и се почувствувал во главниот град Софија, но и пошироко.

Треба да знаете
Последни објави