Search

ПСЖ ќе игра во завршницата од ЛШ, ако треба и надвор од Франција

Претседателот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Насер Ал Келаифи најави дека неговиот клуб ќе продолжи со настапите во Лигата на шампионите оваа сезона, и под услов своите натпреаври како домаќин да ги игра надвор од земјата откако тамошните власти одлучија до септември да нема никакви спортски настани. ПСЖ ја елиминира Борусија Дортмунд во осминафиналето од ЛШ, а вториот претставник на оваа земја во елитното клупско натпреварување Лион има предност од 1-0 по првиот осминафинален меч со италјанскиот Јувентус, одигран на домашен терен. Реваншот поради пандемијата со коронавирусот беше одложен.

-Ја почитуваме одлуката на француските власти. Во договор со УЕФА имаме намера да учествуваме во Лигата на шампионите во формат во каков ќе се одлучи за да се доигра сезоната. Ако е невозможно да бидеме домаќини во Франција, нашите натпревари ќе ги организираме во странство со сите гаранции дека нашите играчи и стручниот штаб ќе имаат најдобри можни здравствени услови, изјави Ал Келаифи.

 

Треба да знаете
Последни објави