Македонско кредитно биро: Проверка на кредитна задолженост преку Сопствен извештај

Македонско кредитно биро (МКБ), првото приватно кредитно биро во Македонија, на граѓаните им нуди можност за вистински информации и сигурни планови преку Сопствен извештај со кој може да провери дали и каде едно физичко лице има обврски по основ на кредити, жирантства итн. Сопствениот извештај на МКБ е со попуст од 50% до 30.06.2020 година. Вие сте дома, се грижите за вашето здравје, но сепак сакате да го обезбедите и вашето финансиско здравје. Бидете информирани и ќе имате увид во сопствените долгови, обврски и статусот на сметката.

-Проверка на кредитна задолженост се прави преку Сопствениот извештај кој го издава МКБ. Сопствен извештај е документ во писмена или електронска форма, изготвен врз основа на податоци за обврските на физичките или правните лица, доставени од Давателите на податоци.
Преку овој извештај може да се провери дали и каде едно физичко лице има обврски по основ на кредити, жирантства, дозволено пречекорување на трансакциски сметки, платежни картички, даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, обврски по основ на користење на други услуги, како и да се провери историјата на доцнења на секоја обврска поединечно во период од последни 24 месеци.
Во Сопствениот извештај се содржани истите податоци за блокада на трансакциска сметка во реално кои се наоѓаат и во Извештајот за блокада на трансакциска сметка.
Секое физичко лице може да побара и добие Сопствен извештај само за себе лично. Сопствениот извештај се бара онлајн преку МОЈ.МКБ порталот со отворање личен кориснички профил на следниот линк, или директно во просториите на МКБ во Скопје со лична карта на лицето кое го бара извештајот или со полномошно заверено на нотар.

Цената на Сопствениот извештај за физички лица изнесува 250 ден (промотивно 3 месеци).

МКБ нуди и можност да ја проверите компанијата со која сакате да соработувате, како и досегашните соработници со помош на Корпоративниот извештај, кој може да се добие онлајн многу едноставно и брзо.

Треба да знаете
Последни објави