Во САД загина жена возач, се верува дека се онесвестила бидејќи со часови носела маска

Жена која во четвртокот во Њу Џерси со автомобилот се забила во бандера, веројатно во моментот на несреќата загубила свест бидејќи неколку часа носела заштитна маска N95, пренесува „Фокс њуз“.

Таа по несреќата била пренесена во болница, а автомобилот претрпел огромна штета. Полицијата соопшти дека верува оти несреќата се случила затоа што жената која управувала со автомобилот носела маска неколку часа и останала без доволно кислород, по што загубила свест.

Полицијата исто така забележа дека нема докази оти жената била под дејство на дрога или алкохол додека возела. Но, тие исто така додадоа дека несреќата можеби била предизвикана од друга медицинска состојба која би можела да доведе до несвестица кај возачот.

Иако полицијата не може со стопроцентна сигурност да тврди дека до несреќата дошло поради носењето маска, од таму сепак нагласуваат дека заштитни маски треба да се носат на јавни простори каде не е можно да се задржи потребното физичко растојание.

Треба да знаете
Последни објави