Search

Првите доброволци во Велика Британија ја примија пробната вакцина против Ковид-19

Првите двајца волонтери, од вкупно 800 пријавени, ја примија пробната вакцина против Ковид-19 на Универзитетот во Оксфорд, објави Би-би-си. Половина од волонтерите ќе ја примат вакцината против Ковид-19, а другата половина ќе добијат контролна, против менингитис, која не штити од коронавирус.

Само лекарите што учествуваат во студијата ќе знаат која вакцина ја примил секој доброволец.
Меѓу нив е и Елиса Гранато, која ја прими вакцината, а за Би-би-си изјави дека и самата е научник и дека сакала да го поддржи научниот процес на овој начин.

Вакцината е развиена за помалку од три месеци од тим од Универзитетот „Оксфорд“. Сара Гилберт, професорка по ваксикологија на Институтот „Џенер“, спроведе претклинички истражувања.

„Лично, имам висок степен на доверба во оваа вакцина“, рече таа. „Секако, ние мора да ја тестираме и да добиеме информации од луѓе. Мора да покажеме дека таа навистина дејствува и ги спречува луѓето да се заразат со коронавирус пред употребата на вакцината кај општата популација“, објасни таа.

Професорката Гилберт претходно изјави дека е 80 проценти убедена оти вакцината ќе дејствува, но сега повеќе не сака да каже дека е многу оптимист.

Треба да знаете
Последни објави