Search

Обезбедени 34.000 маски за жителите на Куманово

Владата обезбеди 34.000 маски за граѓаните на Куманово. Маските денеска се доставени до Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово и ќе се делат бесплатно на граѓаните.
Во Службен весник вчера беше објавена уредбата за задолжително носење лична заштита, заради спречување, ширење и заштита на населението во вонредна состојба.
Уредбата определува дека граѓаните се должни да носат лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Кумановци генерално ја почитуваат уредбата и носат маски.
Во изминатиот период општинскиот кризен штаб во Куманово бараше од Владата да обезбеди одредена количина на маски кои бесплатно ќе се делат на граѓаните
Треба да знаете
Последни објави