Поточно, племето Масака, составено од деца без родители од Уганда, кои имаат неверојатни танцови движења и вештини, ја поставија својата верзија на предизвикот „Слајд“.
Кога раперот Дрејк (33) го објавил тоа видео на својот инстаграм-профил, популарноста на децата на Масака станала огромна.
Суна Хасан, основач на организацијата за згрижување деца, за странските медиуми изјавила:
„Децата сакаа да учествуваат во предизвикот затоа што ја сакаат оваа песна и се надеваа дека Дрејк ќе ги забележи иако е долга снимката“, рече таа.
Децата веднаш станале популарни на „Тик ток“, „Твитер“ и на „Инстаграм“, а потоа Дрејк ги забележал и испратил порака до Сузан, во која ја прашува дали може да објави видео од децата на своите социјални мрежи, на што таа се согласила.
Хасан откри дека децата плачеле од среќа и целиот ден славеле со уште повеќе танцување.
Децата од племето Масака веднаш беа следени од 120.000 следбеници на „Инстаграм“ и добија илјадници долари донации од целиот свет.