Германски научници: Убиецот на коронавирусот се крие во длабочините на Јадранот

Целиот свет во моментов бара решение за пандемијата на коронавирусот Сарс-CoV-2. Научниците од Бергакадемијата во Фрајберг веруваат дека пронашле решение: на морското дно крај брегот на Црна Гора, пишува германски „Фрај прес“, пренесуваат „Приморске новине“.

Во својата природна околина, на морскиот брег на Јадранот, тој свети целиот жолт, затоа се нарекува златен сунѓер. Или официјално латински Aplysina aerophoba, каде што вториот збор во името значи „страв од воздух“, т.е. од изронување. Ако го извадите од водата, неговата златна боја брзо станува сино-црна.

За научниците од Бергакадемија во Фрајберг, кои имаат 100 квадратни метри резервоари на црногорскиот брег од 2014 година, каде што го одгледуваат овој сунѓер, деталот околу бојата не е толку важен. Тие првенствено се заинтересирани за отпорноста на сунѓерот против сите замисливи биолошки предизвикувачи на болеста: бактерии, вируси, бацили. Сунѓерот од црногорскиот брег е исто така отпорен на вирусот Сарс-ков-2, што ги покренува надежите на научниците дека можат да најдат сојузник во него за да се борат против короната.

„Сунѓер на морското дно живее од филтрирање на храната од водата“, објаснува проф. д-р Херман Ерлих, биоминеролог и биомимитист на Бергакадемијата во Фрајберг.

Неговиот научен фах се занимава со пронаоѓање на сè што може човекот да копира од „градежните планови“ и концепти на природата. На овој тековен проект на црногорскиот брег, фрајбуршкиот професор работи со фармаколози од универзитетот Дрезден.

Научниците ги објавија досегашните резултати во изданијата Materials Science and Engineering, како и на платформата Scienceirect.

Треба да знаете
Последни објави