Вучиќ- Епидемијата слабее, поради што ги ублаживме мерките

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека мерките воведени за ширење на коронавирусот се олеснети, бидејќи се гледа дека епидемијата слабее, но и дека сите сè уште треба да бидат внимателни, најавувајќи дека српскиот парламент би можел да започне со работа во понеделник, со почитување на сите безбедносни протоколи.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Вучиќ за време на посетата на изградбата на делницата на брза пруга од Белград за Будипешта, кај Чортановци изјави дека се ублажени мерките против епидемијата, бидејќи епидемијата слабее, иако има 300 нови случаи, претежно со поблаги симптоми, како и дека има се поголем број на тестирани.

-Ние мора да бидеме внимателни, да продолжиме со тестирањето на населението, за да ја избегнеме ситуацијата во Сингапур, истакна Вучиќ, додавјќи дека ситуацијата во Нови Сад е најдобра од сите големи градови во Србија.

Ситуацијата се смирува и во Ниш и е под контрола. Важно е на респираторот да имаме што е можно помалку луѓе и да имаме уште помал процент на заразени во однос на тестирани.

-Доколку епидемиолошката состојба е поволна, можно е српскиот парламент да одржи седница во понеделник, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и присуството само на најпотребните луѓе во парламентот, кажа Вучиќ.

Тој особено се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за помошта од Русија кон Србија, како во однос на медицинските екипи, така и на медицинските материјали, и покрај фактот дека и во Русија исто така има интензивна епидемија.

Вучиќ истакна дека Србија не го крие бројот на починати од коронавирусот и дека ги надминува повеќето земји во регионот според бројот на тестирани пациенти.

Српскиот претседател порача дека ќе дискутира за изборите кога ќе се укине вонредната состојба.

Треба да знаете
Последни објави