Во Косово заразени 22 здравствени работници, а 130 се во самоизолација

Во Косово 22 здравствени работници заболеле од коронавирус, а 130 се во самоизолација, изјави доктор Блерим Сула, претседател на Синдикалната здравствена федерацијата во Косово.

Сула додаде дека нивната состојба е добра врз основа на досегашните информации, но дека има загриженост дека тој број може да се зголеми.

Тој ги повика надлежните институции да ја зголемат грижата за заштита на здравствените работници затоа што, како што вели, „повеќе се концентрираа на работниците во првите редови на фронтот и ги заборавија оние на втората и третата линија“.

Треба да знаете
Последни објави