Според Репортери без граници Словенија е на 32 место според индексот за слобода на медиумите

Според објавеното рангирање на организацијата Репортери без граници, Словенија се наоѓа на 32 место во светот според индексот за слобода на медиумите, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Овогодишното рангирање претставува скок за две места, бидејќи минатата земјата беше 34.

Ова листа се објавува во период кога во повеќе држави има страв дека некои мерки за спречување на ширењето на коронавирусот может да ги загрозат медиумските и човечките слободи.

Токму во Словенија, медиумската фела беше разбранувана од писмото кое Владата на Јанез Јанша го испрати до Советот на Европа, каде наведе дека најголем дел од медиумите во земјата имаат „комунистичко минати”.

Ваквото писмо предизвика вистинска бура, а реагираа новинарските здруженија, синдикати, политички партии, а беше свикана и Комисијата за надворешни работи при Собранието, каде министерот за надворешни работи беше цел на многу критики.

Треба да знаете
Последни објави