Опозицијата во Словенија бара Уставниот суд да одлучи за уставноста на ограничувањето на движењето

Четирите најголеми опозициски партии во Словенија објавија дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд за оценка на уставноста на владините одлуки за ограничувањето на движењето и посебните полициски овластувања, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Партијата на поранешниот премиер Марјан Шарец (ЛМШ), Левица, Социјал-демократите (СД) и Партијата на Аленка Братушек (САБ) сметаат дека некои одлуки на Владата и некои делови од таканаречениот „Мега корона Закон” излегуваат од уставната рамка, па затоа бараат Уставниот суд да одлучи за уставноста.

Пратеникот на Левица Матеј Ташнер Ватовец изјави дека во Законот за справување со епидемијата и последиците од коронавирусот, имаат одредби кои немале допирана точка со превенција од заразата.

– Зборувам за посебните полициски овластувања кои немаат ништо со спречување на ширењето на коронавирусот – изјави Ватовец.

Од СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша, кажаа дека се работи само за „игри” на опозицијата.

Инаку, од Уставниот суд објавија дека до нив се пристигнати над 50 претставки на граѓани и разни субјекти за оценување на уставноста на владините мерки со кои се ограничува движењето на граѓаните, само во општините во кои живеат.

Треба да знаете
Последни објави