Search

Владата ја покачи цената на акцизата на нафтата за три денари

Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари, соопшти пред малку на прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа. Тој истакна дека сите средства ќе одат во буџетот на државата, односно во  фондот за справување со коронавирусот.

Како што рече тој, со зголемување на акцизата за три денари, до септември ќе се покријат околу 18 милиони евра, а до декември до 31 милион евра.

– Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со вирусот ковид-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби во вонредна состојба. Зголемувањето на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски имликации за правните субјекти и населението со оглед на големиот пад на цената на нафтата. Предложениот механизам овозможува постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на пазарот. Цената на акцизата на нафтените деривати се зголемува за 3 денари, изјави Хоџа.

Треба да знаете
Последни објави