Празен куфер и плинска боца оставени пред седиштето на Светиот синод на ГПЦ во Атина

Празен куфер и плинска боца претпладнево биле пронајдени пред црквата – манастир Петраки во центарот на Атина каде што е и седиштето на Светиот синод на Грчката православна црква, објавија грчките медиуми.

Според медиумите, непознато лице, снимено од безбедносните камери, ја прескокнало оградата и пред влезот оставило куфер и голема плинска боца со црево на кое имало остатоци од оган, јави дописничката на МИА од Атина.

Сомнителниот куфер го открил еден од игумените и веднаш ја известил полицијата, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, куферот бил празен, додека пак боцата не била поврзана со некој експлозивен механизам.

Треба да знаете
Последни објави