Турција/Ковид-19: Четиридневен карантин во 31 град од четврток

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе воведе четиридневна карантин во 31 град в четврток, како мерка за борба против новиот коронавирус.

Во Турција, претходните два викенда имаше режим на самоизолација во 31 град. Мерките се продолжуваат овој пат поради националниот празник на Турција, кој е в четврток, 23 април.

Ердоган по состанокот на кабинетот рече дека Турција се стреми да ја намали заразата на ниво што ќе го нормализира животот по верскиот празник на Рамазан Бајрам кон крајот на мај.

Треба да знаете
Последни објави