Косовскиот претседател пуштен од болница каде ги лекуваше бубрезите

Косовскиот претседател Хашим Тачи е пуштен од Клиниката за урологија, каде што се лекуваше поради проблеми со бубрезите, соопшти неговиот кабинет.

„По првите проблеми, Тачи утрово замина во Итна помош и на препорака на специјализиран медицински персонал отиде на Клиниката за урологија каде му беа извршени анализи и беше лекуван поради болките предизвикани од камења во бубрег“, се вели во соопштението.

Косовскиот претседател се заблагодари на персоналот на Универзитетскиот клинички центар на Косово за нивната помош и грижа.

Треба да знаете
Последни објави