Премиерлигашите нема да се расфрлаат со пари за спектакуларни трансфери

Клубовите од  фудбалската Премиерлига ги скратија буџетите и ги предупредија играчите да не очекуваат големи пари во летниот преоден рок, пренесуваат медиу мите од Островот, каде сезоната е во прекин поради пандемијата со коронавирусот и се бара начин како да се приведе до крај.

Во екот на финансиска криза, Њукасл побара спас во продажба на клубот за 300 милиони фунти на инвеститори од Саудиска Арабија, а Тотенхем, Арсенал, Челзи како и тимовите од Манчестер Јунајтед и Сити за да испливаат ов оваа ситуација најавија кастрење на буџетите. Тоа ќе занчи дека клубовите нема да се расфрлаат со пари за да прават спектакуларни трансфери на играчи за новата сезона.

Нема клуб во Англија кој не е погоден од финансиска криза предизвикана од ситуацијата со короанвирусот. Англија на фудбалската берза е најмоќната земја во светот, сумите кои клубовите од Премиерлигата ги трошеа изминатите 5 години на трансфери беа астрономски, сега ситуацијата се смени, пари има се помалку па неизвесно е и какви трансферите ќе има.

Треба да знаете
Последни објави