Search

Приведени 57 лица за прекршување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (9/10.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  90 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 57 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

 

Треба да знаете
Последни објави