Турција испраќа помош во медицинска опрема во балканските земји

Турција се приклучува на помошта за балканските земји со медицинска опрема, наменета за борба со коронавирусот.

По наредба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Министерството за здравство подготви заштитни маски, заштитна облека и тестови за коронавирусот за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Материјалите биле натоварени во воен карго авион што полетал од Анкара кон Србија.  Од Белград авионот ќе слета и во Сараево, Подгорица, Скопје и Приштина .

Треба да знаете
Последни објави