Лекарка која им земала брисови на пациенти во Краљево е заразена од коронавирус

Лекарка која им земала брисови на пациенти во Краљево за да се тестираат дали се заразени со коронавирусот е позитивна на овој КОВИД 19. Поради тоа 20 здравствени работници од Заводот за јавно здравје во Краљево од синоќа се испратени во самоизолација.

-Инфицираната докторка официјално е вториот позитивен пациент на коронавирусот од Врњачка Бања, бидејќи таа со стално место на живеење е од местото Вранеши. Таа е во добра здравствена состојба – соопшти др. Александар Мацан, директор на Заводот за јавно здравје во Краљево.

Информацијата која е објавена во некои медиуми дека во Краљево има 10 лица заразени од коронавирусот според Мацан не лажна, бидејќи во целиот Рашки регион кој го покрива ЗЈЗ Краљево има само седум пациенти заразени од КОВИД 19.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави