Search

Спасовска: Инфективна клинка е подготвена, но само 5 отсто пациенти би биле критично болни за интензивно лекување

До овој момент Клиниката за инфективни болести е добро снабдена со потребната опрема за заштита и оти персоналот својата работа непречено ја спроведува, рече во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Др. Катерина Спасовска, инфектолог од Клиниката за инфективни болести.

Таа кажа дека покрај ракавици и заштитни маски, во одредени случаи се користат и скафандери, кои се применуваат само за некои интервенции. За редовната визита на болните, вели таа, доволно е да се користат заштитните маски и ракавици, наменети за еднократна употреба.

-Нашата Клиника се подготвуваше. Досега оние кои се кај нас хоспитализирани, дел се отпуштени на домашно лекување, но како бројката на позитивните случаи расте очекуваме пациенти со потешка клиничка слика кои би требало да бидат хоспитализирани. Простор имаме. Целата клиника ќе биде во функција на пациентите, рече Спасовска.

Докторката појасни дека самата инфекција, во повеќето случаи, односно во повеќе од 80% од  случаите на заразени, ќе може да се мине во домашно лекување, како лесен грипосен синдром, поточно покачена температура, кашлица.

-Останатите 15-20 % би биле со потешка клиничка слика, а, како што рече Спасовска само 5 отсто би биле критично болни за кои ќе има потреба од интензивно лекување, а тоа би биле повозрасната категорија и категоријата со преегзистенти состојби, рече Спасовска.

Во однос на лекувањето, таа објасни дека се следат препораки коишто се од СЗО, за менаџмент на пациенти со Ковид-19, препораки и протоколи.

-Имајте во предвид дека се работи за нова инфекција. Клиничарите имаат и досега искуство со коронавирусни инфекции, па и во епидемиски размери, ако се сеќавате во 2003 година САРС инфекција, потоа 2012 МЕРС, кадешто одредени антивирусни препарати се користени и коишто покажале ефект општо врз коронавирусната инфекција. Оваа болест Ковид-19 е нова. Во експериментални фази се одредени антивирусни препарати коишто би можеле и покажуваат ефект спрема овој новел коронавирус… тој е Клорокинот и одредена група на антивирусни лекови коишто до сега беа користени кај пациентите со ХИВ инфекција – тука спаѓа познатата Калетра, уште еден препарат антивирусен којшто се користел кај пациенти со Ебола, тој е Ремдесвир. Тие треба да влезат во стандардниот протокол на СЗО за да би можеле да ги користиме. Она што е важно е дека овие лекови се применуваат кај пациентите само со тешка форма на болест, рече Спасовска.

Таа рече дека пациентката од Дебар која е во најлоша состојба на клиниката и е на респиратор, се третира и со Тамифлу.

 

Треба да знаете
Последни објави