Search

Дијагностицирани уште шест лица позитивни на коронавирус, вкупниот број 76

Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани шест лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.

Во текот на денов, потврдени се и двајца сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.

Како што соопшти вечерва Министерството за здравство, досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва изјави дека вработен во МВР-информатичар од Одделот за информатика и телекомуникации, е меѓу заболените од коронавирус.

Фокус“, пак, објави дека заразената кавадарчанка е началник на Одделение во болницата во Кавадарци, а нејзиниот сопруг е функционер во ЈП Македонски шуми. Нивната ќерка, пак, е вработена како наставник – дефектолог во основно училиште во Неготино.

Треба да знаете
Последни објави