Израелската опозиција го обвинува Нетанјаху дека ја користи епидемијата на Ковид-19 за зајакнување на власта

Израелската опозција и дел од медиумите упатија критики до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ја користи кризата со епидемијата со Ковид-19 за зајакнување на својота позиција на власт. Тие му забележуваат дека успеал да го одложи неговото судење по обвинувањата за корупција, за воведување електронски надзор на израелските граѓани и дека го блокира Парламентот и го одлага носењето закони кои се со цел негова смена.
– Нема правосудна гранка во Израел. Нема законодавна гранка во израел. Постои само неизбрана влада, предводена од личност која ги изгуби изборите. Можете тоа да го наречете како сакате, но тоа не е демократија, оцени опозиционерот јаир Лапид.
Но она што предизвика најголеми реакции во таа земја е воведувањето електронски надзор на граѓаните. Поради брзото зголемување на бројот на заразени, воведени се низа ограничувања, а како најконтроверзно се смета инструкцијата за безбедносната служба Шин бет да користи технологија за надзор на телефони, со цел спречување на вирусот преку следење на телефоните на заразените. Противниците на таквата мерка, меѓу кои се пратеници и групи за човекови права, денеска ќе се жалат пред Врховниот суд.

Либералниот весник „Хаарец” со наслов „Епидемија на надгледување” оцени дека „под закрила на битката против ширењето на коронавирусот, премиерот на преодната влада Бенјамин нетанјаху се концентрира да приграби што е можно поголема моќ”.

По изборите на 2 март, Нетанјаху има поддршка од 58 пратеници, односно тројца помалку од што е потребно за мнозинство во парламентот со 120 пратенички места. Тесно мнозинство од 61 пратеник има ривалот на Нетанјаху – Бени Ганц, кој ја предводи партијата Сино и бело.

Претседателот на Израел Рувен Ривлин го назначи Ганц за мандатар, но во меѓувреме Нетанјаху искористи серија извршни акти и друга тактика со цел да спречи да се состане Парламентот. поради тоа, и претседателот Ривлин предупреди дека демократскиот систем во земјата е под закана.

Треба да знаете
Последни објави