Search

Нови шестмина заразени со корона вирус, петмина од Дебар и жена која се вратила од Барселона

Министерот Венко Филипче рече дека во изминативе часови се тестирани 12 лица, од кои шест се позитивни. Петмина од нив се од Дебар и една жена од Скопје која стигнала од Шпанија со лет на Виз Ер, која веднаш е пренесена на Инфективна клиника.

Со неа патувале 50 лица, кои се под контрола. Таа патувала со маска оти знаела дека не е добра па според Филипче, мала е веројатноста дека патниците со кои патувала се заразени. Во нашата земја, како што додаде, сега има вкупно 18 пациенти дијагностицирани со оваа болест.

Новозаразените од Дебар се поврзани со семејството кое е првозаразено, но ме се позитивни медицинските лица. Позитивните засега се со благи симптоми и се згрижени во болницата во Дебар.

Министерот Филипче информираше дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа претпладне во просториите на Вкадата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави