Search

Косово: Нови два случаи на заразени со новиот коронавирус, вкупно петмина

Националниот институт за јавно здравство на Косово информира вечерва дека во земјата се потврдени уште два нови случаи на заразени од коронавирусот, со што вкупната бројка на носители на смртоносниот вирус, по вчерашното откривање на првите два случаја, се зголеми на пет лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според локалните медиуми, едното од новооткриените заразени лица, 42-годишен маж, исто како и 38-годишникот за кој порано денеска испитувањата резултираа позитивни, е роднина на 77-годишниот маж од селото Стубла, во близина на Витина, кој вчера беше дијагностификуван со Ковид-19.

Присуството на смртоносниот вирус попладнево е откриено и кај 37-годишна жена, косовска државјанка со престој во италијанскиот град Бреша, која допатувала во земјата на 1 март годинава. Таа е од селото Бубавец во општина Малишево.

Покрај 77-годишникот, кој е косовски државјанин и кој неодамна престојувал во Италија, заразата вчера беше потврдена кај 20-годишна италијанска државјанка, која работела во меѓународна организација во градот Клина.

Косовската Влада синоќа одлучи времено да ги стави во карантин Клина и Витина, односно ја забрани посетата и напуштањето на двата града во кои престојувале првите случаи со коронавирус.

Институтот за јавно здравство информира дека во текот на денешниот ден добил информации од Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово за испитувањето на 67 случаи на сомнителни носители на вирусот.

– Од 8 февруари до 14 март годинава во лабораторијата за микробилогија на Институтот, со методата РТ-ПЦР се тестирани вкупно 207 сомнителни примероци на вирусот САРС-КОВ-2 и вкупно пет од нив резултираа позитивни, соопшти Институтот. 

Треба да знаете
Последни објави