Search

Канадскиот премиер во изолација, неговата сопруга има коронавирус

Канадскиот премиер Џастин Трудо ќе остане во карантин следните 14 дена откако е утврдено дека неговата сопруга, Софи Грегори Трудо, е позитивна на коронавирусот.

Таа имала благи симптоми и се чувствува добро и исто така ќе остане во изолација 14 дена. Првите симптоми ги пријавила во средата, пренесува Си-ен-ен.

Епидемиолозите сега се обидуваат да дојдат до сите луѓе со кои таа била во контакт.

„Премиерот е добро, нема никакви симптоми. Како мерка на претпазливост и по препорака на лекарите ќе биде во изолација следните 14 дена. Исто така, со оглед на тоа дека нема никакви симптоми, тој ќе биде тестиран“ соопштија од кабинетот на Трудо.

Од таму соопштуваат дека нема ризик за сите оние со кои тој бил во контакт изминатите денови.

Канада има 147 потврдени случаи на заразата. Едно лице почина од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави