Search

Франција: Полицијата евакуираше универзитетска библиотека

– Француската полиција денеска спроведе голема акција на Универзитетот Еври Вал д’Есон, во близина на Париз, откако добила дојава дека вооружен маж влегол во зградата на универзитетската библиотека, објави весникот „Паризиен”.

Според наводите на полицијата, вооружениот напаѓач не бил пронајден.

Универзитетската библиотека, сепак, од превентивни причини била евакуирана.

Претходно, некои западни медиуми објавија дека вооружен маж внатре држи заложници и наводно носи огнено оружје или бомба.

Треба да знаете
Последни објави