Search

Од коронавирус почина италијански лекар, беше претседател на здружение на лекари

Доктор Роберто Стела од Италија почина од коронавирус во болницата во Комо.

Стела бил хоспитализиран поради респираторни проблеми, откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирус. Тој бил општ лекар и претседател на Здружението на лекари во градот Варезе.

Колегите жалат за неговата смрт. Имал 67 години.

„Тој беше пример за способност и напорна работа на матичните лекари“, рече Силвестро Скоти, секретар на здружението.

Треба да знаете
Последни објави