Search

Одложен самитот ЕУ – Кина поради коронавирусот

– Самитот ЕУ – Кина кој е планиран за крајот на овој месец ќе биде одложен поради коронавирусот.

Самитот се одржува секоја година и има за цел унапредување на стратешкото партнерство меѓу Унијата и Кина. Годинешниот самит требаше да се одржи на 30 и 31 март во Пекинг. Датумот во јавноста го соопштија дипломати на ЕУ, иако тој не бил официјално потврден од страна на кинеските официјални претставници.

Дипломати на ЕУ велат дека самитот ЕУ – Кина не е откажан, туку одложен. Кинеското Министерство за надворешни работи нема дадено коментар по повод одложувањето на форумот.

Треба да знаете
Последни објави