Search

На изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ 95 проценти нови лица, Мицкоски дава шанса на нова генерација

– Универзитетската професорка и поранешен кандидат за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и оперскиот пејач Игор Дурловски се двете натпартиски решенија  кои ќе бидат носители на пратенички листи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори. Силјановска Давкова ќе ја предвои листата во првата Изборна едница, а Дурловски во петтата, додека во ИЕ 2 носител ќе биде партискиот потпретседател Владо Мисајаловски, во ИЕ3 генералниот секретар Игор Јанушев, во четвртата Александар Николовски, а во 6ИЕ пратеничката Дафина Стојановска.

Одлука за кандидатите за пратеници и носителите на листи донесе вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ чиј лидер Христијан Мицкоски информираше дека 95 проценти од листите е со нови лица.

– ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број нови имиња, свежи кадри и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите. Над 95 проценти се луѓе кои првпат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина, рече Мицкоски, заблагодарувајќи им се на досегашните пратеници.

Мицкоски нагласи дека врз основа на сите истражувања и дебати одбрале луѓе  кои во овој момент Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат историски најголемата победа на следните предвремени парламентарни избори.  – Сите оние пратеници коишто во минатото дадоа несебичен придонес , се жртвуваа и  себеси во овие три години  неправда која што ја донесе Зоран Заев  јас им се заблагодарив и  на овој прес. Повеќе од 95 проценти од луѓето  на овие листи се луѓе кои првпат  се наоѓаат на листите за пратеници  наспроти листите што вчера видовме каде што имаме лица  коишто се по 15, 20  па и повеќе години  во политиката, коишто по неколку пати  во неуспешни во рамките на  Парламентот, коишто по неколкупати  извршувале високи државни функции  неуспешно. Ние сме тие коиш мора да се разликуваме  и коишто секогаш како ВМРО-ДПМНЕ  имаме обврска кон граѓаните во оваа држава да понудиме нови лица кои имаат амбиција и кои сакаат да победат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, партијата оди на сигурна победа. – Нашата победа е обнова која ќе донесе повеќе за секого, повеќе правда, повеќе вредности, повеќе принципи, повеќе работа, повеќе пари, повеќе здравје, повеќе среќа, повеќе ред, повеќе сигурност и повеќе насмевки и верба дека ќе успееме, рече Мицкоски, соопштувајќи ги одделно сите кандидати за пратеници.

Како што информираше Мицкоски, и покрај препораките за спречување на ширењето на коронавирусот, засега не планираат да ги одложат партиските активности за утре на кои треба да потпишат договор со коалициските партии и да ги промовираат кандидатите за пратеници на партиска конвенција  затоа што бројноста на присутните ќе била во  рамки на дозволеното. лв/бт/

 

Изборна единица 1:

1. Проф. д-р Гордана Сиљаноска Давкова од Центар,

2. Д-р Тимчо Муцунски од Центар,

3. Доцент д-р Синиша Стојановски од Аеродром,

4. М-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода,

5. коалиција,

6. коалиција,

7. Проф. д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар,

8. Тони Јаревски од Карпош,

9. Сафет Бишевац од Студеничани,

10. Весна Марковска од Аеродром,

11. Игор Никовски од Кисела Вода,

12. Ружица Николовска од Карпош,

13. Коалиција,

14. Влатко Мојсовски од Македонски Брод,

15. Јасмина Паметковска од Сопиште,

16. Мартин Стојановски од Сарај,

17. Филип Ѓорѓиев од Центар, предлог на УМС,

18. Тамара Михајловска од Аеродром, предлог на УМС,

19. Сергеј Попов од Центар, предлог на УМС и

20. Бисера Златеска од Македонски Брод, предлог на УМС.

Изборна единица 2:

1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,

2. Д-р Рашела Мизрахи од Карпош,

3. Бране Петрушевски од Куманово,

4. коалиција,

5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,

6. Дарко Костовски од Бутел,

7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,

8. Зоран Коцевски од Гази Баба,

9. Емилија Ангелова од Чаир,

10. Кети Димковска од Куманово,

11. коалиција,

12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,

13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,

14. Дијана Илиевска од Гази Баба,

15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,

16. Игор Атанасовски од Гази Баба,

17. Борче Илиевски од Бутел,

18. Искра Крстевска од Чаир,

19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и

20. Тихомир Алексовски од Куманово.

Изборна Единица 3:

1. Игор Јанушев од Велес,

2. Иван Јорданов од Штип,

3. Благица Ласовска од Свети Николе,

4. Д-р Иванка Василевска од Скопје,

5. коалиција,

6. Игор Здравковски од Велес,

7. Миле Лефков од Кочани,

8. Никола Мицевски од Штип,

9. Даниела Христова од Виница,

10. Марија Петрушевска од Петровец,

11. Драган Ковачки од Делчево,

12. Јохан Тарчуловски од Скопје,

13. Весна Ничева од Штип,

14. Анри Андоновски од Крива Паланка,

15. Д-р Марјан Миленковски од Пробиштип,

16. Цветанка Каракашева од Пехчево,

17. Верче Мицевска од Илинден,

18. Христина Смилевска од Делчево,

19. Киро Нацков од Градско и

20. Лидија Анакиева од Зрновци.

Изборна Единица 4:

2. Ане Лашкоска од Прилеп,

3. Дајанчо Ефтимов од Василево,

4. Ели Панова од Струмица,

5. Зоран Јованчев од Кавадарци,

6. Петар Ристески од Прилеп,

7. Проф. д-р.Здравко Трајанов од Радовиш,

8. Ангелина Петкова од Гевгелија,

9. Златко Пенков од Неготино,

10. Д-р.Јадранка Поцкова од Струмица,

11. коалиција,

12. коалиција,

13. Дејан Бошков од Валандово,

14. Ирена Стерјоска Локвенец од Прилеп,

15. Слободан Ивановски од Кавадарци,

16. Димитар Лазаревски од Могила,

17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,

18. Златко Темелковски од Кукуречани,

19. Владимир Ристов од Струмица, предлог на УМС и

20. Александра Свајќароска од Прилеп, предлог на УМС.

Изборна Единица 5:

1. Игор Дурловски од Битола,

2. Антонио Милошоски од Кичево,

3. Д-р. Силвана Ангелевска од Битола,

4. Д-р. Кирил Пецаков од Охрид,

5. Јован Јаулески од Струга,

6. Д-р. Олга Лозановска од Битола,

7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,

8. Лидија Петкоска од Охрид,

9. Мирче Аџиовски од Струга,

10. Грација Бакрачевска од Охрид,

11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,

12. Бобан Бојковски од Битола,

13. Билјана Проеска од Крушево,

14. Тасин Ибраим,

15. Никола Најденовски од Демир Хисар,

16. Олгица Божиновска од Кичево,

17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,

18. Алмедин Шаиновски од Дебар,

19. Жанета Савевска од Ресен и

20. Сандра Пејковска од Демир Хисар.

Изборна Единица 6:

1. Дафина Стојаноска од Гостивар,

2. Александар Велјановски од Тетово,

3. Фуркан Чако од Гостивар,

4. Стојан Тодоровски од Брвеница,

5. Јасминка Богдановска од Теарце,

6. коалиција,

7. Анита Бошковска Јовановска од Тетово,

8. Милан Јовановски од Гостивар,

9. Никола Крстовски од Јегуновце,

10. Верица Зафировска од Теарце,

11. Бране Стојчевски од Брвеница,

12. Станислав Бојчевски од Тетово,

13. Татјана Каранфиловска од Гостивар,

14. Татјана Стојановска од Јегуновце,

15. Александар Гиновски од Теарце,

16. Стојан Стрезовски од Гостивар,

17. Валентина Стефановска од Тетово,

18. Костадин Гогов од Тетово,

19. Маја Зафировска од Брвеница и

20. Билјана Тошевска од Јегуновце.

Треба да знаете
Последни објави