Search

Бајден во кавга со работник во фабрика за автомобили во Детроит

– Претендентот за претседателски кандидат од редовите на Демократската партија, Џо Бајден, влезе во препирка со работник во фабрика за автомобили во Детроит, одговарајќи на прашање дали во случај да биде избран, планира да го одземе правото на Американците да носат оружје.

-Полн си со г…., му одговори Бајден на работникот, обвинувајќи го за „активен обид да го укине Вториот амандман” на Уставот на САД.

Поранешниот потпретседател кој претендира да стане противкандидат на актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите во ноември, подоцна го нарече работникот „целосен глупак”.

Препирката меѓу Бајден и потенцијалните избирачи се случи денеска за време на фотосесија во рамките на изборната кампања на Бајден во новоотворена фабрика на „Фиат Крајслер” во Детрит, Мичигeн.

Видео снимката се појави по заминувањето на Бајден од фабриката и на неа се слуша како работниците скандираат „Трамп, Трамп”. Отворање нова фабрика во Детроит се нема случено веќе неколку децении.

Треба да знаете
Последни објави